Успешен настап на нашите најмлади каратисти од настапот на 29-тиот Балкански шампионат за деца кој се одржа во Бар, Црна Гора од 30.05 до 01.06.2025 година на кој учество земаа 13 земји каде учество зедоа 1796 спортисти со вкупно 1895 пријави што претставува рекорд за балканско првенство за деца.
Нашите надежи на ова првенство освоија вкупно 8 медали од кои 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали. Со што на генералниот пласман на ова првенство нашата земја беше пласирана на шестото место.
Редоследно во категорија борби:
- Александар Петровски 10 години, кумите машки -30кг златен медал;
- Сара Муадини 12 години, кумите женски -45кг златен медал;
- Азем Аземи 13 години, кумите машки -40кг златен медал;
- Иса Селими 12 години, кумите машки -37кг златен медал;
- Сара Топалоска 10 години, кумите женски -34кг бронзен медал;
- Ајан Муареми 12 години кумите машки -37кг бронзен медал;
- Тома Петров 12 години кумите машки -52кг бронзен медал.
Во категорија кати екипно 12-13 години женски, сребрен медал освоија:
- Викторија Ѓорѓиева;
- Марија Димитриева;
- Викторија Златковска.
На ова првенство, нашата судиска комисија учествуваше со 6 наши судии и тоа: Благој Атанасов, Васка Дачевиќ, Ветон Мурати, Емир Чосовиќ, Никола Атанасовски и Димитар Арсов.