Голем успех за македонското карате судење!
По успешно положените испити на последниот WKF судиски семинар, тројца наши врвни судии се стекнаа со нови европски лиценци за судење во ката и кумите според најновите правила на Светската карате федерација (WKF):
- Никола Атанасовски – Judge B Kata & Kumite
- Климентина Војдиновска – Referee A Kumite
- Емир Ќосовиќ – Referee B Kumite
Овие лиценци претставуваат највисоко признание за нивниот долгогодишен труд, посветеност и висок професионализам во судиската дејност.
Особено горди сме што токму пред претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и У21 во Лимасол, Кипар (6-8 февруари 2026), нашите судии ќе имаат можност да го претставуваат македонското карате на највисоко ниво и на судиската сцена.

Честитки до Никола, Климентина и Емир за овој извонреден успех!
Вие сте вистински амбасадори на македонското карате и инспирација за идните генерации судии.
Продолжете да не правите горди!

