< назад

Честит 11-ти Октимври

Карате федерацијата на Македонија на сите членови како и на сите македонски граѓани им го честита државниот празник 11-ти Октомври, Денот на народното антифашистичко востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ.

Одбележувајќи 83 години од почетокот на востанието и народно ослободителната револуционерна борба против фашизмот ние македонските каратисти им изразуваме почит на сите храбри борци и херои што се жртвуваа за слободна и самостојна Македонија.