Стефан Стојановиќ освои бронзен медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во помлади сениори У21.
Стефан во првото коло беше слободен а во второто коло го победи претставникот од Казакстан, Алишер Таижан со 1:0, во третото коло го победи независниот натпреварувач (AIN-1) Константин Коковуров со 2:1 додека во четвртото коло го победи претставникот од Канада, Етан Смал со 4:1 и во петтото коло изгуби од претставникот од Италија, Матео Аванцини со 2:3 по што се пласираше во борба за бронзен медал. Во борбата за третото место победи против претставникот од Германија, Николај Секот со 3:2 со што Стефан го освои третото место и бронзениот медал.
На ова Европско првенство, учествуваа 109 земји со вкупно 1908 натпреварувачи. Во категоријата на Стефан Стојановиќ, учествуваа вкупно 42 натпреварувачи.