< назад

Бронзен медал од Душица Бреслиева на ЕП во Полска

Успешен старт и бронзен медал за Душица Бреслиева во категоријата кумите кадети женски -54кг на првиот ден од настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У-21 што се одржува од 07-09.02.2025 година во Бјалско-Бјала, Полска.

Бреслиева во борбата за бронзен медал се бореше против претставничката од Турција - Тункај Мерием и извојува победа со резултат 5-4.

Во борбата до бронзата претходеа мечевите против:
Душица Бреслиева – Илариа Бианко (Италија) победа 8:0
Душица Бреслиева – Пиа Думитрас (Швајцараија) победа 5:5
Душица Бреслиева – Леонор Гонзалес (Португалија) победа 2:0
Душица Бреслиева – Софија Халиевска (Украина) пораз 2-3

По што успеа да се пласира во репасажот во борба за бронзен медал против Мерием Тункај од Турција која ја победи со резултат 5-4