Вероника Костовска, Стефан Стојановиќ и Матеј Белистојаноски ќе ги бранат боите на Македонија во Таранто...
Македонската карате репрезентација ќе има свои претставници на *XX Медитерански игри – Таранто 2026, кои ќе се одржат од **21 август до 3 септември 2026 година* во Италија.
Карате федерацијата на Македонија на ова значајно мултиспортско натпреварување ќе настапи со *тројца свои најдобри натпреварувачи – Вероника Костовска, Стефан Стојановиќ и Матеј Белистојаноски*, кои ќе имаат чест да ја претставуваат нашата држава на големата медитеранска спортска сцена.

.jpg)

Нашите каратисти во Таранто ќе се соочат со силна меѓународна конкуренција и ќе имаат можност да го покажат своето знаење, квалитет и борбеност во конкуренција на најдобрите каратисти од медитеранските земји.
Тројцата репрезентативци ќе ги предводи селекторот за кумите – сениори, Александар Кузмановски*, кој заедно со натпреварувачите во изминатиот период интензивно работеше на подготовките за настапот.
Учеството на КФМ на Медитеранските игри претставува уште една потврда за континуираниот развој на македонското карате и за квалитетот на нашите репрезентативци. За младите каратисти ова е значајна можност за стекнување дополнително меѓународно искуство, но и за остварување врвни спортски резултати.
.jpg)
Во периодот до почетокот на Игрите, фокусот ќе биде ставен на финалните подготовки, усовршувањето на техничко-тактичките елементи и максималната физичка и психолошка подготвеност на репрезентативците.
*Карате федерацијата на Македонија им посакува успешни подготовки на Вероника, Стефан и Матеј и многу успех во Таранто!*
Со гордост ги испраќаме нашите каратисти да ги бранат боите на Македонија и да го претстават македонското карате на едно од најзначајните спортски натпреварувања во регионот.
**Среќно, Вероника!
Среќно, Стефан!
Среќно, Матеј!
Среќно, селекторе Кузмановски!

