< назад

Емил Павлов со сребро на Премиер лигата во Дубаи

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Премиер лигата во Дубаи. Европскиот шампион од 2014. во финалето кое на програмата беше денеска загуби од Турчинот Ерај Самдан со 2-1. Претходно на патот до финалето во борбите кои се одржаа во петокот Павлов во 1. коло беше слободен. Во 2. коло го совлада Жујеонг Гу од Јужна Кореја со 3-1. Во 3. коло беше подобар од Степан Ефименко од Русија со 3-2. Во 4. коло го победи Украинецот Олег Филиповиќ со убедливи 6-0, додека во 1/2 финалето беше подобар од Летонецот Калвис Калнинс со 5-3.

Видео од финалниот меч на Емил Павлов: 

https://www.youtube.com/watch?v=B5wvdiTulx8

Од останатите каратисти на Македонија на Премиер лигата во Дубаи со пласман на 9. место завршија Жарко Арсовски и Мартин Несторовски во +84кг. кај мажите, како и и Наташа Стефановска во -61кг. кај дамите.

Следен предизвик за македонските каратисти е државното првенство кое на 24 февруари ќе се одржи во Штип, додека кога е во прашање Премиер лигата следното натпреварување е на 16 март во Ротердам.