< назад

Емил Павлов извојува финале на К1 Премиер лигата во Салцбург

Емил Павлов на настапот на Карате 1 Премиер лигата во Салцбург извојува борба за злато.

Според ждрепката Емил во првото коло беше слободен, во второто коло се сретна со претставникот од Јордан со кој извојува победа со резултат 3:2, во третото коло се сретна со претставникот од Црна Гора кого го победи со 1:0, во четвртото коло се сретна со претставникот од Казакстан кој го победи со 4:0 и во полуфиналето се сретна со вториот претставник од Казакстан кој го победи со 2:1.

Павлов успеа да се пласира во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Салцбург во категоријата до 60 килограми. Во борбата за златото тој за противник ќе го има Анџело Кресченцо од Италија.

 

Во полуфиналната пресметка денеска, Павлов со 2-1 славеше против Казахстанецот Дархан Асадилов. Финалната борба е закажана за во недела.

Во оваа категорија има Фахик Весели ќе има шанса преку репасажот да стигне до борба за бронзениот медал, бидејќи Анџело Кресченцо од Италија се поласира во финалето. Весели од Италијанецот загуби во третото коло.