Точно пред 10 години, нашиот репрезентативец Жарко Арсовски го постигна најголемиот успех во историјата на светските првенства. Пред 10 години во Белград се одржа 20-то светско првенство, точно на одбележување на 40 години од првото светско првенство во 1970 во Токио. Меѓу вкупно 875 каратисти и каратистки од 88 земји, од кои и 22 од Македонија, Жарко Арсовски во извонредно силна конкуренција во највисоката тежинска категорија +84 килограми успеа да оствари пет убедливи победи и само еден пораз во полуфиналето и тоа на изјаснување, откако против египетскиот натпреварувач Моханад Магди резултатот беше 1:1. Фантастичната форма Жарко ја потврди во борба за бронзениот медал, каде што во доминантен стил го совлада русинот Камид Тебуев со 4:0. Со тоа Жарко Арсовски стана прв наш каратист освојувач на трофеј на сениорско светско првенство, што претставува гордост за македонскиот спорт.
Видео инсерти од настапите на Жарко Арсовски и целата борба за бронзениот медал се достапни на следниот линк на „youtube“ каналот на Карате федерацијата на Македонија :