< назад

Злато за женскиот ката тим кај кадетки и јуниорки на 3. ден од Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Дубровник

На третиот ден од Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржува во Дубровник, Хрватска, на програмата беа екипните натпреварувања во кати и кумите. Нашите каратисти освоија 1 злато, ката тимот кај кадетките и јуниорките и 1 сребро, ката тимот кај кадетите и јуниорите.

Женскиот ката тим во состав Аврамова, Грозданова и Маневска со две победи против Турција од 3-2 и Црна Гора со 4-1 го донесао шестиот златен медал за нашите каратисти на овој шампионат.

Машкиот ката тим во состав Бановски, Бунтески и Стојановски во големото финале загубија од ката тимот на Турција со 5-0. Претходно во ¼ финалето беа подобри од Словенија со 4-1, а во ½ финалето ја совладаа Црна Гора со 3-2.

Македонија со вкупно 18 медали, од кои 6 златни, 3 сребрени и 9 бронзени настапот на , Балканскиот шампионат за кадети, јуниори и помлади сениори У21 го завршува на 3. позиција по бројот на освоени медали веднаш за репрезентациите на Србија и Турција.