< назад

Златни медали за Мојсовска и Јованоска на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“

На овогодинешниот трет по ред традиционален меѓународен турнир „Трофеј на Македонија“, македонските каратисти освоија две златни медали. Златно одличје за Македонија донесоа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми во женска конкуренција и Пулексенија Јованоска во кати.

Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, Емил Павлов освои бронза во -60 килограми. Од останатите каратисти кои се натпреваруваа на турнирот, сребрени беа Глигор Петков (-84кг) и Ненад Келебиќ (-67кг.), Абдурахим Идризи (-60кг) и Сара Радичевска (-50кг.) Со бронза покрај Емил Павлов се закитија и Јована Георгирва (-55кг.), Моника Стефановска (-68кг.), Роберто Ацковски (-67кг.), Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.) и Жарко Арсовски (+84кг.).

На турнирот учествуваа најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија.

Превземи извештај.