< назад

Златни медали на Костовска и Мојсовска во Умаг

Нов голем успех на македонските карате, девојките кои резултатски беа во сенка на каратистите освоија 2златни медали.

Нов голем успех за младите македонското карате. Во случајов за девојките кои долго време беа во сенка на своите машки колеги на Светскиот куп во Умаг за помлади сениорки златен медал за Вероника Костовска во категорија -61кг, поранешната кадетска европска шампионка имаше 5 борби во кои освои вкупно 24 поени а загуби само 5 и на импресивен начин ја освои титулата во својата конкуренција. Во првото коло беше подобра од холанѓанката Ван Удеранден во второто од Французинката Занини во третото од Швајцарката Хирт во полуфиналето од Италијанката Манчинели и во финалето од уште една илатијанка Анџелучи. Тоа е втор златен медал за македонските натпреварувачки во помлади сениори по синоќешниот на Ангела Мојсовска која со 4 победи беше најдобра во категорија -68кг, машкиот дел од составот до 21 год остана без медал а најдоброрангиран е Фаик Весели кој со 3 победи дојде до пласман на 5 место во категорија -61кг.
Покрај Светскиот куп за помлади сениори на овој најмасовен карате настан се одржува и младинската лига и тренинг кампот со учество на над 3 700 млади каратисти од 70 држави.