< назад

Завршни викенд подготовки, пред Европското првенство во Сочи

Карате репрезентативците на Македонија, кои ќе настапат на 45. Европско првенство за кадети и јуниори и 12. за помлади сениори У21, кое годинава од 2-4 февруари ќе се одржи во Сочи, Русија, викендов имаа подготовки во спортската сала при салата при Основното училиште Гоце Делчев во Скопје.

На еден од тренинзите присуствуваше и претседателот на Карате федрацијата на Македонија, Драган Стојановски. Стојановски пред заминувањето на спортистите во Русија им посака успех, да го дадат својот максимум и да постигнат најдобри резултати, на првенството на кое традиционално Македонија освојува медали.

Со оглед на тоа што најголем број од овие млади каратисти пред неполни два месеца беа на Балканското првенство во Херцег Нови каде освоија 9 златни 9 сребрени и 12 бронзени медали, со право очекуваме високи резултати иако конкуренцијата е се посилна.

Репрезентативците кои се во возрасни категории меѓу 16 и 18 години, имаат мотив повеќе за добар настап на Европското првенство, бидејќи се потенционални кандидати за пласман на Младинскиот олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Буенос Аирес.

На Европскиот шампионат се пријавени вкупно 988 спортисти од вкупно 44 земји, а Македонија ќе ја претставува 21 каратист.

 

Список на репрезентативци на Македонија:

Владанка Аврамова – Кадети ката (ж)

Александар Неделковски – Кадети ката (м)

Марија Милева – Кадети кумите -54кг. (ж)

Магдалена Божиновска – Кадети кумите +54кг. (ж)

Марио Свинарски – Кадети кумите -57кг. (м)

Христијан Стојавноски – Кадети кумите -63кг. (м)

Бобан Џамѓозов – Кадети кумите +70кг. (м)

Симона Симовска – Јуниори кумите +59кг. (ж)

Столе Смилковски – Јуниори кумите -55кг. (м)

Фахик Весели – Јуниори кумите -61кг. (м)

Филип Несторовски – Јуниори кумите -76кг. (м)

Кренар Џафери – Јуниори кумите +76кг. (м)

Фери Исиќ – Помлади сениори У21 ката (м)

Драгана Манговска – Помлади сениори У21 кумите -50кг. (ж)

Моника Пендаровска – Помлади сениори У21 кумите -55кг. (ж) 

Вероника Костовска – Помлади сениори У21 кумите -61кг. (ж)

Ангела Мојсовска – Помлади сениори У21 кумите -68кг. (ж)

Ардит Марку – Помлади сениори У21 кумите -60кг. (м)

Константин Василевски – Помлади сениори У21 кумите -67кг. (м)

Доан Османи – Помлади сениори У21 кумите -75кг. (м)

Петар Спасеновски – Помлади сениори У21 кумите -84кг. (м)