< назад

Завршни подготовки на нашите каратисти, за Европското првенсто за кадети, јуниори и У21 во Тампере, Финска

Натпреварувачите кои ќе настапат на ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Тампере, Финска одржаа втор заеднички тренинг на ден 15.08.2021 година. Тренинзите и овој пат се одржаа во салата при ООУ „Гоце Делчев“, Во Скопје.

Во посета на нашите репрезентативци беше и претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Горан Милковски, кој беше дел од еден тренинг, на кој тој им посака среќа и успешен настап на ова Европско првенство.