< назад

Завршни подготовки на карате репрезентативците на Македонија, за Европското првенство

Карате репрезентативците на Македонија ги прившуваат подготовките  во тренинг базата во хотелот Истатов во Дојран, пресрет Европското првенство во Нови Сад, Србија.

Во посета на репрезентативците на Македонија беше претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, кој беше дел од еден тренинг, на кој тој им посака среќа и успешен настап на Европскиот шампионат во Нови Сад.

По завршувањето на подготовките во тренинг базата на Карате федерацијата на Македонија, репрезентативците на 8 мај поаѓаат за Нови Сад, Србија каде од 10 до 13 овој мај ќе се одржи 53. Европско првенство за сениори.