< назад

Завршени подготовките пред настапот на СП за кадети, јуниори и У21 кое ќе се одржи во Санјаго, Чиле

Нашите каратисти кои ќе настапат на XI Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври во Сантјаго, Чиле ги завршија предвидените тренинзи. Во хотелот „Гогов“ во Пехчево на завршните подготовки учествуваа каратистите во борби во состав: Бојан Костов, кумите машки, кадет -52 кг., Фахик Весели, кумите машки, У21 -67 кг., Доан Османи, кумите машки, У21 -75 кг., Вероника Костовска, кумите женски, У21 -61 кг., Ангела Мојсовска, кумите женски, У21 -68 кг. предводени од нивните тренери-селектори на државната репрезентација Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини.

Под водство на селекторот-тренер на државната репрезентација во кати Ивана Аврамова ќе настапат и натпреварувачите во кати машки Александар Неделковски и ката женски Владанка Аврамова.

Натпреварувачите заминуваат вечерва со автобус до Софија и утре авионски преку Мадрид до Сантаго де Чиле.