< назад

WKF издаде јубилејно списание по повод 50 години постоење

Светската карате федерација по повод 50-годишнина од своето постоење, пред Новоодишните и Божиќни празници издаде специјално јубиејно списание, со преглед на најважните настани и пресвртници во својата 50-годишната историја. Се надеваме дека ќе уживате во списанието и се надеваме дека споделувајќи го ова списание, ќе придонесете да го продолжиме патот за уште многу години на нашата успешна и плодна соработка.

По тој повод ви го пренесуваме и обраќањето на претседателот на WKF г-дин. Антонио Еспинос.

„Во текот на последните 50 години, карате спортот мина низ безброј пресвртници, напредуваше извонредно и ги обликуваше и разубавуваше животите на милиони луѓе ширум светот. Голем број личности и ентузијасти на нашата сакана дисциплина придонесоа многу за успехот на каратето во овие 50 години. Сакам да им изразам најискрена благодарност на сите нив, особено на оние кои повеќе не се со нас. Се надевам дека оваа книга ќе им служи за да ги почести и да го препознае нивниот непроценлив придонес во исклучителниот развој на нашиот спорт.

Додека славиме пет децении незаборавна историја, моја желба е светот на каратето да остане обединет, посветен и цврст како што е сега. Ние сме посилни кога сме заедно и сигурен сум дека сите ние, членовите на Карате семејството, ќе продолжиме да го носиме нашето кимоно во хармонија уште многу години. Ми беше највисока чест да раководам со оваа величествена организација за време на оваа златна ера на нашиот спорт и да дејствувам како претседател на WKF повеќе од две децении. Сега, кога се соочуваме со нови и уште поголеми предизвици, верувам дека со нашите вредности и нашата посветеност, можеме да чекориме заедно кон наша посветла иднина“.

Интернет-верзијата на списанието можете да ја прочитате ТУКА.