< назад

WKF го одбележува меѓународниот ден на спортот за развој и мир

Почитувани,

Ве известуваме дека Светската карате федерација (WKF) спроведува кампања по повод 6 април,
меѓународниот ден на спортот за развој и мир (IDSDP).

Карате федерацијата на Македонија ја поддржува и се приклучува кон иницијативата и притоа ги поканува сите свои членови спортисти и клубови да се приклучат и да станат дел од #WhiteCard движењето!

Кон истата иницијатива можете и вие да се приклучите со креирање на сопствено изработено видео и истoто да го испратите на: worldkaratefederation2016@gmail.com или да го споделите на социјалните мрежи на следниве хаштази: #WhiteCard #ReiForApril6 #Karate.