< назад

Втори подготвителни заеднички тренинзи на младинската репрезентација

Во салата при ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, Скопје на ден 16.10.2022 година се одржаа вторите заеднички тренинзи на младинската репрезентација. На овој втор тренинг покрај репрезентативците кои ќе настапат на Светското првенство во Коња, Турција присутни беа и сите останати натпреварувачи со право на настап на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора.

И овој тренинг се одржа под водство на селекторите од соодветните категории и тоа:

- Дејан Ристески - селектор за кадети;
- Берат Јакупи - селектор за јунири;
- Александар Кузмановски - селектор за У21 и сениори;
- Стојан Андриевски - селектор за У21 и сениори