< назад

Втор ден од викенд подготовките со тренерот на карате репрезентацијата на Украина Антон Никулин

Карате репрезентацијата на Македонија ги заврши викенд подготовките со селекторот на карате репрезентацијата на Украина, Антон Никулин, пресрет настапот на Европското првенство во Нови Сад, Србија.

Репрезентативците на Македонија во два дена, одржаа вкупно четири тренинзи со истакнатиот украиннски тренер, се со цел качување на формата за Европскиот шампионат.

Утре репрезентацијата на Македонија се сели во тренинг базата во хотелот Истатов во Дојран, каде ќе останат се до поаѓањето за Нови Сад на 8 мај.

Европското првенство во Белград ќе се одржи во периодот од 10 до 13 мај.

Гостувањето на Антон Никулин во нашата земја е уште еден пример за одличната соработка која ја имаат овие две национални федерации.