< назад

Весели знаменосец на Македонија на свеченото затворање на МОИ во Буенос Аирес

По историскиот прв медал за Македонија, Македонскиот Олимписки Комитет одлучи каратистот Фахик Весил да биде знаменосец на Свеченото затворање на Младинските олимписки игри кои се одржуваа во Буенос Аирес, Аргентина. 

Весели на МОИ го освои бронзениот медал, остварувајќи две победи во групната фаза против Абдала Хамад од Јордан и Родриго Тељо од Аргентина и еден пораз од Мохамед Ајед Ал Асири од Саудиска Арабија. 

Во борбата за финале, Фахик Весели во крајно неизвесна борба при резултат 0:0 и три опомени (чукоку) и за двајцата каратисти, ја загуби борбата бидејќи главниот судија на 9 секунди до крајот на борбата му додели четврта опомена на нашиот каратист што значеше крај на мечот и финале за Масаки Јамаоко.