< назад

Успешен настап на Балканското првенство за кадети, јуниори и У21 во Бар, Црна Гора

На Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора, македонската младинска репрезентација постигна уште еден значаен успех освојувајки 12 медали од кои: 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Златни медали освоија: во кадетска конкуренција Евтимовска Драгана -54 кг женски; во јуниорска конкуренција Сара Дука -48 кг женски, Михајлов Љупче -68кг машки, машкиот кумите тим и Ангеловски Андреј -76 кг машки; во помлади сениори У21 Петровска Марија -55 кг женски и во категоријата помлади сениори У21 женскиот ката тим освои златен медал.

Сребрени медали во јуниорска конкуренција освоија: Бесарт Мемети -55 кг машки и Басаров Андреј 76+ кг.

Бронзени медали освоија во кадетска конкуренција Катја Апостоловска -47 кг женски, јуниорскиот кумите тим и кај помладите сениори У21 Бојан Костов -60кг. 

На ова првенство учествуваа 944 натпреварувачи од вкупно 10 држави.

За повеќе информации на следниот линк: https://www.sportdata.org/karate/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=6732#a_eventheadend