Во последниот ден од Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) што се одржува во Будимпешта, Роберто Ацковски освои бронзен медал во конкуренција на помлади сениори (У21), категорија -67кг. Роберто го оствари својот најдобар резултат во кариерата, со постигнати пет победи и еден пораз.
Во првото коло Роберто со 5:3 го победи португалецот Луис Андре, во второто коло против Гаиги Шалев од Израел победи со 4:1, во третото коло против Чехот Матејка Јан извојува победа со 6:1, а потоа во борба за пласман во финалето беше поразен од црногорецот Бојан Бошковиќ со 1:4.
Во меч за бронзениот медал против Олег Кавка од Русија, по резултат 2:2 на поени, Роберто победи со судиско изјаснување со 3:2 и го освои бронзениот медал.
Сите резултати од Европско првенство во Будимпешта може да ги најдете на следниот линк: