< назад

Трофеј на Македонија, добра можност за завршница на една успешна година

Карате федерација на Македонија одржа прес конференција по повод меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“ кој што ќе се одржи на ден 14.12.2019 во малата сала на А1 СЦ „Борис Трајковски“.

Турнирот е од позивен каратер на кој учествуваат 101 натпреварувач, голем број од нив се медалисти на големи натпреварувања, на европски и светски првенства а ќе настапат и нашите најдобри каратистри предводени од Емил Павлов, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Пулексенија Јованоска, Ферри Исиќ и многу други. Селекторите во ката Стојан Андриевски и во борби Сашко Арсовски сметаат дека ова е добра можност за завршница на една успешна година во каратето како и проверка на натпреварувачите пред претстојните големи натпревари во 2020 година.

Турнирот започува во 09:00 часот а финалните борби се во 12:00 часот.