< назад

Трибина „Жената во спортот“

Во салата за состаноци при хотелот „Карпош“ во Скопје, Карате федерацијата на Македонија организираше трибина насловена како „Жената во спортот“. Пред почетокот на настанот присутните ги поздрави членот на извршниот одбор на КФМ проф. д-р Александар Туфекчиевски.

На трибината свои обраќања и предавања имаа советничката за спорт од владата Силвија Митевска, деканката на Факултетот за физичко образование спорт и здравје проф. д-р Ленче Алексовска – Величковска, предавање на тема „Самодоверба“ од психологот Елена Џебр како и презентација на тема: „Моментална состојба – Предизвици и можности за родова еднаквост во карате спорот“ подготвена од советничката за спорт при Агенцијата за млади и спорт, Татјана Блажевска.

На трибината присутни беа најголемиот дел од сениорските натпреварувачки, тренери и судии кои ја претставуваат Македонија на врвни натпреварувања ширум Светот.