< назад

Три медали за македонските натпреварувачи на Балканското првенство

На Балканското првенство за сениори, кое се одржа во Чачак минатиот викенд, нашите каратисти освоија три бронзени медали, сите во борби. Давид Петков во категорија – 67 килограми, Драгана Манговска во – 50 и Ангела Мојсовска во – 68 килограми.
За разлика од претходните неколку години, ова натпреварување не беше критериумско и се одтржа во период на празникот Велигден, па најголем дел од нашите најдобри каратисти во борби и во кати овојпат не настапија на балканското првенство.

 

На следниот линк може да ги погледнете резултатите кои се постигнати на Балканското првенство во Чачак.