< назад

Тренинг собир на репрезентативците на Македонија пред Европското првенство во Нови Сад

Карате репрезентативците на Македонија, во салата во ОУ Гоце Делчев во Општина Аеродром одржаа собир пред Европското првенство во Нови Сад на кој тренираа и спарингуваа меѓусебно.

Спаринг натпреварите помеѓу нашите каратисти беа водени од неколку од најдобрите македонски судии со највисоки меѓународни лиценци, надополнети со видео ревју. Судиите и видео технологијата за челинџ им овозможија на нашите каратисти повеќепати во меѓусебен разговор да се запознаат со одредени финеси во толкувањата на правилата на Европските првенства, детали кои во голем број случаи влијаат на победникот. 

На тренингот беа присутни и дел од членовите на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија, предводени од претседателот Драган Стојановски. 

Карате репрезентацијата на Македонија официјалните подготовки за Европското првенство ги започнува на 28 и 29 април со тренинзи во Скопје. Веднаш потоа каратистите на Македонија заминуваат во тренинг базата на македонската репрезентација во Хотелот Истатов во Дојран, каде ќе останат се до поаѓањето за Нови Сад на 8 мај. 53. Европско првенство за сениори ќе се одржи од 10 до 13 мај.