< назад

Тренерско судиски семинар на Карате федерацијата на Македонија

Карате федерацијата на Македонија на 31 август и 1 септември ќе го одржи редовниот тренерско судиски семинар за 2018 година. 

На семинарот свои предавања околу најновите правила во карате спортот ќе одржат долгогодишниот претседател и член на судиската комисија на Европската карате федерација Словенецот Примож Дебенак и претседателот на судиската комисија на Македонија Боби Војдиновски. 

Програма за тренерско судискиот семинар на Карате федерацијата на Македонија: 

31.8 2018 петок
-10.30- 13.00 .ОУ Глигор Прличев
(Железара)ката и кумите практичен тренинг во кимоно( без натпреварувачи)
-13.30-14.00 гестикулации
-16-16.30 регистрација
-16.30-19.45 теорија ката и кумите, видео протест правила( за судии , тренери , натпреварувачи...)општинска сала Гази Баба

1.9.2018 сабота
-9.30-10.30 теоретски испит ( тест) за ката и кумите (Железара) , канцеларија на хуманитарни организации ( веднаш до ОУ Глигор Прличев)
-10.45 -12.30 ката тренинг со видео и анализа( анализа на снимки на изведувачи на ката и одлуки)
-12.30-13.15 ката испит( видео)
-14.30-17.00 практичен кумите тренинг со натпреварувачи, и практичен кумите испит.
-17.00 практичен ката испит( кандидатите изведуваат една или две   кати по свој избор и објаснување
       Сите горе наведени активности на 1.9.2018 после тестот се во салата на ОУ Глигор Прличев

2.9.2018 недела
Сите кандидати треба да бидат присутни на државниот натпревар за сениори( ќе бидат вклучени во истиот) , а по завршетокот ќе се објават резултатите од испитот и ќе се доделат дипломи .