< назад

Светско студентско првенство

Од 13-15 јули 2012 година, во Братислава, Словачка, се одржа Светско студентско првенство, на кое што во организација на Федерацијата на студентски спорт на РМ, учествуваа студенти - натпреварувачи на клубови од Карате федерацијата на Македонија.
Најголем успех постигна Емил Павлов, студент на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, кој се закити со бронзен медал во категоријата сениори - 60 кг., додека машкиот кумите тим во состав: Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Мартин Несторовски, Богдан Мицов, Ферат Курбулиќи и Иво Цветковски, се пласира на петтото место.