< назад

Светската карате федерација прославува полувековен јубилеј

Овој викенд Светката карате федерација одбележува 50 години од своето основање. 10 октомври 2020 година претставува историски датум за каратето во светот, тоа е денот кога Светската карате федерација (WKF) ја слави својата 50-годишнина од постоењето.

Милиони фанови на карате низ целиот свет го прославуваат овој ден. Основањето на Светската карате федерација (WKF) беше иницирано на 10 октомври 1970 година, на првото Генерално собрание што се одржа во Токио, пред инаугуративното светско првенство во карате. Сега, 50 години подоцна, меѓународното тело за управување на Карате стана универзална, унифицирана и модерна организација, со над 100 милиони каратисти низ целиот свет, со 200 членки национални федерации од сите континенти, подготвени да го направат своето олимписко деби на Олимписките игри Токио кое ќе го имаат во 2021, поради пандемијата од COVID-19.

Прославата на годишнината е обележана со презентирање на јубилејното лого. WKF го воведува новото „Лого на 50-годишнината“ како одбележување на повод петте децении постојан успех. Новиот амблем ќе го обликува брендирањето на организацијата во наредните месеци.

Покрај логото кое го одбележува полувековното постоење, ви ја проследуваме и пораката од претседателот Антонио Еспинос, објавена на 10-ти октомври, а за наредниот прериод WKF подготви неколку дигитални иницијативи што ќе бидат објавени наскоро.

„За жал, поради сегашната состојба, не можеме да ја одбележиме нашата 50-годишнина како што заслужува таков незаборавен момент и како што планиравме пред пандемијата. Имавме намера да ја одбележиме историската пригода оваа година во „Нипон Будокан“ легендарниот боречки храм на кое се одржа нашето прво Светско првенство во 1970 година, на истото место каде што е зацртано и олимпиското деби на нашиот спорт. Одложувањето на Олимписките игри до 2021 година и последиците од пандемијата на коронавирусот ги променија нашите планови за прослава по повод брилијантните 50 години од нашата историја. Сепак, 50-годишнината е можност да им се заблагодариме на сите кои со својот труд и напорна работа придонесоа за нашите достигнувања, на сите што повеќе не се со нас и на сите што продолжуваат со нас придонесувајќи за напредокот и развојот на нашиот спорт“, е пораката на претседателот на WKF, Антонио Еспинос.

Ве охрабруваме да ги споделите сите овие активности со сите ваши обожаватели и членови. Во оваа смисла, сакаме да ве информираме дека го лансираме официјалното лого на 50-годишнината што можете да го најдете на линкот подолу.