< назад

Свечена академија и јубилеен турнир по повод 50 години карате во Македонија

По повод 50 години карате во Македонија на 15. и 16. декември, Карате федерацијата на Македонија ќе одржи свечена академија и јубилеен карате турнир.

Свечената академија ќе се одржи во петок на 15. декември во 18 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје. По свечената академија ќе се одржи и свечена вечера во хотел „Томче Софка“ во Скопје.

Следниот ден во малата сала во ВИП Арената „Борис Трајковски“ со почеток во 10:30ч. ќе се одржи јубилејниот турнир на кој покрај македонските репрезентативци ќе учествуваат и сениорските карате репрезентативци од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.