< назад

Спортски оскари за Вероника, Магдалена и Роберто

На Изборот на најдобри Спортисти за 2020 година, нови највисоки признанија за нашите каратисти. Предложените кандидати од Карате федерацијата на Македонија добија вкупно три позлатени статуетки. За најдобра спортистка кај сениорките е прогласена Вероника Костовска, а признанието и го врачи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. За најдобра млада спортистка е избрана Магдалена Божиноска, а во Роберто Ацковски е прогласен за најдобар млад спортист за 2020 година.

Иако имаше само два месеца активност поради коронавирусот, каратето влезе во финалниот избор со свои кандидати во вкупно шест категории. Во категорија на најдобар спортист беше Емил Павлов (спортист на Македонија во 2018 година), во категорија најдобар селектор Сашко Арсовски (беше најдобар селектор 2018 и 2019 година), а КФМ и овојпат беше меѓу финалистите и како најдобра федерација (во минатите 10 години трипати бевме избрани за најдобра федерација). Ова е огромно признание за континуитетот на квалитетна работа а сите нивоа, но и обврска повеќе да продолжиме со такви резултати и во наредниот период. Ова беше вкупно 66 -ти Избор на најдобрите спортисти во историјата, во ореганизација на Сојузот на спортските федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, во кој гласаа националните спортски федерации, медиумите и членовите на Советот за спорт при АМС. 


 

Свеченоста се одржа во големата сала во СЦ „Борис Трајковски“ со лимитиран број на присутни, согласно пропишаните мерки од надлежните институции за одржување на собири во затворен простор. Меѓу присутните беше и претседателот на Владата Зоран Заев, министри во Владата, градоначалници и претставници на Националните спортски федерации во повеќе спортови. Настанот беше директно пренесуван на Македонската телевизија.