< назад

Спасеновски петти и Арсовски седми на Премиер лигата во Дубаи

На Карате 1 Премиер лигата што се одржа од 14 - 16.02.2020 година во Дубаи, Петар Спасеновски во категоријата -84кг беше најуспешен од нашите натпреварувачи, кој со 3 победи го освои петтото место. Добар пласман забележа и Жарко Арсовски во категоријата 84+ кг кој го освои седмото место. Со овие резултати и двајцата каратисти ќе ги подобрат своите позиции на WKF ранг листата.

За комплетните резултати од овој турнир можете да се информирате на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/popup_main.php?popup_action=results&vernr=380&active_menu=calendar