< назад

Саатница - Државно првенство за кадети и јуниори

Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кое ќе се одржи на 27-28.10.2012 год. во спортската сала Гемиџии во Велес (Градски парк), ќе се одржи според следната саатница.

Контролата на натпреварувачките картони и мерењето на натпреварувачите за кумите ќе се врши во периодот од 8:30-10:00 часот (секој ден за соодветните категории).

Ве потсетуваме дека сите натпреварувачи мора да имаат лекарски преглед не постар од 6 (шест) месеци заведен во натпреварувачкиот картон.