< назад

СООПШТЕНИЕ!

Карате Федерацијата на Македонија ја информира спортската јавност дека за репрезентативците Емил Павлов, Вероника Костовска и Петар Спасеноски ќе бидат целосно подмирени трошоците за престојното ЕП за сениори кое ќе се одржи во периодот од 22-26.03.2023 година во Гвадалахара, Шпанија, а согласно Правилникот за наградување на спортистите при КФРСМ.

На останатите спортисти ќе им бидат рефундирани средствата откако АМС ќе додели финансии за ова првенство кои веќе се побарани од страна на КФРСМ!

Токму вакви две одлуки донесе ИО на КФРСМ во текот на вчерашната седница.
Исто така информираме дека со пренесување на делумна одлука и користење на спортистите во негативни цели се прави штета на спортистите клубовите и  карате Федерацијата која континуирано е една од најуспешните федерации во Македонија!

Ги повикуваме новинарите и сите останати заинтересирани следен пат да се обратат до канцеларијата на Карате Федерација на Македонија за одговор на било какви прашања како не би дошле повторно во ваква ситуација.