< назад

Резултати од вториот ден од Премиер лигата во Токио

На вториот ден на Премиер лигата во Токио, настапија четири наши каратисти, кои својот настап го завршија уште на самиот старт. 

Во категоријата до 84кг. Берат Јакупи беше сопрен од домашниот каратисти Риутаро Арага со 2-0, а Петар Спасеновски загуби од Фарук Абдеселем од Франција со 3-1. Во тешка категорија подобар од Мартин Несторовски беше Ридван Каптан од Турција со 5-2. 

Единствената наша претставничка во женска конкуренција на вториот ден од Премиер лигата во Токио, Наташа Стефановска доживеа пораз од 3-0 од Французинката Лаура Сиве. 

Сите резултати од Премиер лигата во Токио можете да ги проследите на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=183#a_eventhead