< назад

Резултати од вториот ден од Премиер лигата во Берлин

Девет наши каратисти во вкупно 4 категории имаа свој настап на вториот ден од Премиер лигата во Берлин, Германија.

Вероника Костовска во категоријата до 61кг. во женска конкуренција успеа да стигне до 3. коло каде загуби од Џана Лофти од Египет со 2-1. Претходно Костовска во првите две кола беше подобра од Лаура Сиверт од Франција и Португалката Ана Симао. Во истата категорија Наташа Стефановска во првото коло загуби од Џоан Орбон од САД со 5-2.

Во второто коло својот настап го заврши Мартин Несторовски во категоријата до 84кг каде беше поразен од Херолинд Нишевци од Косово со 2-1. На стартот Несторовски по судиско изјаснување победи против Иранецот Хади Араб. До второто коло стигна и Петар Спасеновски во категоријата до 84кг. Во првата борба Спасеновски победи против Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина со 5-4, а во второто коло загуби од Макото Коике од Јапонија со 2-1.

На самиот старт настапот на вториот ден во Берлин го завршија: Берат Јакупи и Виктор Крстевски во -84кг., Жарко Арсовски во тешка категорија како и Ангела Мојсовска и Моника Стефановска во -68кг. кај дамите.

Сите резултати од Премиер лигата во Берлин можете да ги проследите на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=181#a_eventhead