< назад

Резултати од вториот ден на Светското првенство во Мадрид

На вториот ден од Светското првенство во Мадрид, настапија шест наши каратисти.

Во категоријата до 75 килограми Азиз Исмаил беше сопрен во 4. коло од Беслан Мизов од Русија со 4-1. Исмаил на Светското првенство во 1. коло беше слободен, а во 2. и 3. ги совлада Павел Артманов од Естонија со 2-1 и Скот Томас од САД со 2-0.

Наташа Стефановска во категоријата до 61 килограм настапот во Мадрид го заврши со една победа против Марија Рене Вонг Алварез од Гватемала со 5-0 и еден пораз од Џана Лотфи од Египет со 4-0. Со скор од една победа и еден пораз беше и Јована Георгиева која во -55кг. победи против Карла Буркит од Англија 2-0, а загуби од Агунг од Индонезија со минимални 1-0.

Во својата прва боба учеството на Светското првенство во Мадрид го завршиja Емил Павлов во -60кг. кој доживеа пораз од Белгиецот Михаел Дасу со 1-0, Давид Петков, кој во -67кг. загуби од Узбекистанецот Икбољон Узаков со 2-1 и Сара Радичевска во -50кг. која беше поразена од Шенон Ниши од САД со 1-0.

Резултатите од Светското првенство во Мадрид, Шпанија можете да ги погледнете на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=188&ver_info_action=info#a_eventhead