< назад

Резултати од првиот ден од Премиер лигата во Токио

Тројца каратисти на Македонија настапија на првиот ден од Премиер лигата која се одржува во Токио, на која ќе настапат 630 натпреварувачи од вкупно 70 држави. 

Европскиот шампион во категоријата до 60кг. Емил Павлов стигна до 3. коло каде со минимални 1-0 беше сопрен од Азербејџанецот Фирдовши Фарзалиев. Претходно Павлов во 1. коло беше слободен, а во второто го совлада Кајсар Алписај од Казахстан со 2-1. 

Во категоријата до 75кг. Петар Заборски својот настап го заврши на самиот старт каде беше поразен од Унгарецот Габор Харспатаки со 8-2. 

Единствената претставничка на Македонија во женска конкуренција на првиот ден од Премиер лигата во Токио, Симона Заборска во категоријата до 55кг. во првото коло ја совлада Гизем Бугур од Германија со 1-0, а во второто загуби од Сара Јамада од Јапонија со 2-0. 

Утре својот настап ќе го имаат Наташа Стефановска во -61кг, Берат Јакупи и Петар Спасеновски во -84кг. и Мартин Несторовски во +84кг. 

Сите резултати од Премиер лигата во Токио можете да ги проследите на следниот линк: 

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=183#a_eventhead