< назад

Резултати од првиот ден од Премиер лигата во Берлин

Шест наши каратисти во вкупно 4 категории имаа свој настап на првиот ден на Премиер лигата во Берлин, Германија.

Драгана Манговска во категоријата до 50кг. во женска конкуренција успеа да стигне до 3. коло каде по судиско изјаснување загуби од Австријката Бетина Планк. Претходно Манговска во првите две кола беше подобра од Гема Озуна Моралес од Шпанија и Ребека Чичрова од Словачка. Во истата категорија Сара Радичевска првото коло го помина без борба откако нејзината противничка Сара Бахманјар го предаде мечот, а во второто коло изгуби од Шуанг Шиау Гу од Тајпеј со 2-0.

Во второто коло својот настап го заврши и Петар Заборски во категоријата до 75кг каде беше поразен од Италијанецот Раби Једнуби со 7-0. Во првата своја борба Заборски по судиско изјаснување го совлада Албанецот Беким Баша.

На самиот старт настапот во Берлин го завршија Европскиот шампион во категоријата до 60кг. Емил Павлов, како и Јована Георгиева и Симона заборска во -55кг. кај дамите.

Сите резултати од Премиер лигата во Берлин можете да ги проследите на следниот линк: 

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=181#a_eventhead

Утре на Премиер лигата ќе настапат девет наши каратисти.