< назад

Рана елиминација на машкиот и женскиот тим во борби

На вториот ден од Европското првенство во Нови Сад, Србија на програмата беа тимските натпреварувања.

Женскиот кумите тим во состав Моника и Наташа Стефановска, Вероника Костовска и Симона Заборска во 1. коло ја совладаа Норвешка со 6-4, а во 2. коло беа сопрени од репрезентативките на Финска со 5-0.

Машкиот кумите тим на Македонија во состав, Арсовски, Несторовски, Јакупи, Павлов, Османи, Исмаил и Крстевски својот настап го заврши уште во 1. коло. Пречка за нашите каратисти беше Хрватскиот тим во состав: Гарибовиќ, Квесиќ, Квесиќ, Матинац, Мрвичиќ, Сурбек и Живковиќ со кој  ги совлада со 2-0.

На утрешниот ден на Европското првенство во Нови Сад, Србија, во борбата за медали Македонија ќе има два свои претставника. Прво од 10 часот, Ангела Мојсовска во категоријата до 68кг. во натпреварот за бронза ќе се сретне со  Ивона Чавар од Босна и Херцеговина. Во 18:25 часот Емил Павлов за противник во големото финале во категоријата до 60 килограми ќе го има Анџело Крешенцо од Италија.