< назад

Радичевска, Заборска и Костовска 7. пласирани на турнирот во Салцбург

На карате 1 Серија А лигата која се одржа во Салцбург Австрија, настапи вкупно дваесет и еден македонски каратист.

Како 7. пласирани настапот во Салцбург го завршија Сара Радичевска во категоријата -50кг., Симона Заборска во -55кг. и Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм.  Радичевска во 1.коло беше подобра од Унгарката Кармен Клемен со 1-0, во 2. коло ја совлада Лорен Крафорд од Англија со 2-0, додека во 3. коло со минмални 1-0 беше подобра од Миле Хјерид од Данска. Во својата четврта борба Радичевска беше сопрена од Јапонката Чинатсу Енду. Во репасажот во 3. коло Радичевска ја декласираше Италијанката Никол Мурабито со 5-1, додека во 4. коло беше поразена од Росио Санчез Естапа со 3-0.

Во -55кг. Заборска во 1. своја борба ја совлада Дона Блејк од Велика Британија со 3-0, во 2. коло беше подобра од Тереза Силва од Португалија со 3-1, додека во 3. коло победи против Аружан Муктар од Казахстан. Во 4. коло Заборска загуби од Алесандра Хасани од Хрватска со минимални 1-0. Во 3. коло од репасажот Заборска беше подобра од Германката Гизем Бугур со 1-0, додека во следното коло по судиско изјаснување беше сопрена од Илага Гасимова од Азербејџан.

Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм во 1. коло беше слободна. Во второто по судиско изјаснување беше совлада од Јапонката Мајуми Сомеја. Во репасажот во првото коло по судиско изјаснување Костовска беше подобра од Ксенија Рајовиќ од Црна Гора, додека во наредните две кола со минимални 1-0 ги совлада Сара Елварт од Полска и Ноеми Корнфелд од Швајцарија. Во четвртото коло од репасажот Костовска загуби од Ана Мигу од Германија со 1-0.

Со по две победи својот настап во Салцбург го завршија Ферри Исиќ во ката, Давид Петков во -67кг. и Азиз Исмаил во категоријата до 75кг.

Конечните резултати од Карате 1 Серија А лигата во Салцбург можете да ги погледнете на следниот линк:
https://www.sportdata.org/wkf/set-online/veranstaltung_info_main.php?active_menu=calendar&vernr=164

Следно натпреварување на кое ќе настапат каратистите на Македонија е Премиер лигата во Ротердам која ќе се одржи од 16-18 овој месец.