< назад

Пулексенија Јованоска прва македонска каратистка на олимписки игри

Нашата најдобра каратистка во кати и стипендист на Македонскиот олимписки комитет Пулексенија Јованоска ќе учествува на Олимписките игри!

Пулексенија ќе настапи на 5 -ти август, во Нипон Будокан салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по Јапонско време или во 3:00 ч наутро по македонско време. Пуликсенија ја доби довербата од МОК и ИОК и доби покана за учество на ОИ ТОКИО 2020, во дисциплината Кати.

За потсетување, Јованоска е најдобрата македонска каташка во историјата и девојка која во 2020 година беше избрана и за најдобра спортистка на Македонија.