< назад

Прием во Агенцијата за млади и спорт по успехот на Балканското првенство во Истанбул

Карате федерацијата на Македонија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт по историскиот успех и освоените 11 медали од кои 6 златни на Балканското првенство во Истанбул Турција.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски им честиташе на каратистите на Македонија за големиот успех на Балканскиот шампионат. Директорот истакна дека КФМ е федерација за пример која постојано ги  оправдува вложувањата и допрва ќе има уште поголема поддршка од АМС, како што го направи тоа и за ова првенство, на кое трошоците беа покриени токму од нивни средства.

Македонија на Балканското првенство кое беше втор критериумски натпревар по државното првенство, за Европското првенство во Нови Сад освои вкупно 11 медали. Со злато се закитија Емил Павлов, Нурсел Мисини, Берат Јакупи, Симона Заборска и машкиот кумите тим, како и женскиот ката тим. Сребро освоија Вероника Костовска и Драгана Манговска, а како трети завршија: Азис Исмаил, Наташа Стефановска и Горан Николовски.

Карате федерацијата на Македонија се заблагодарува на Агенцијата за млади и спорт за подршката која ја добива, а Балканското првенство е само дел од предвидената програма за 2018 во која очекуваат повеќе натпреварувања од кои најзначајни се: Европско и Светско првенство за сениори, како и Младинските олимписки игри во Буенос Аирес. Кога е во прашање Првенството во Истанбул не радува тоа што и овојпат имавме одлична презентација на каратето на федерацијата но и на Македонија како држава и на спортски план и на организациски со квалитетен настап и  достоинствен однос на борилиштата и надвор од нив.