По повод успешниот настап на нашите репрезентивци на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што се одржа од 03-05 февруари 2023 година во Ларнака, Кипар, односно двете освоени бронзените медали на Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, како и високото петто место на Викторија Јовановски, беше вистинска причина за денешниот прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Наумче Мојсовски.
По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием за европските медалисти и членовите на стручниот штаб при КФМ. Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ги освоија бронзените медали по три победи и еден минимален пораз и победи во репасажот. Од останатите наши репрезентативки најуспешни беа Викторија Јовановска во категоријата У21 -61 кг. со освоено 5то место, седмо место освои Симона Николовска во категоријата У21 +68, и четири деветти места од кои 3 во У21 Бојан Костов, Марио Свинарски, Јусра Адеми и во јуниорска конкуренција Греса Мустафаи.
На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 настапуваа вкупно 1114 каратисти од вкупно 48 држави.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ја потенцираше важноста на освојување на медали од меѓународни натпревари во младински конкуренции верувајќи дека истите тие каратисти се идните кандидати за освојување на одличја во сениорска категорија и продолжување на континуитетот на освојување на светски и европски медали по примерот на нашите најуспешни каратисти: Емил Павлов, Берат Јакупи, Наташа Илиевска.
Спортските успеси се важни за секоја земја, но заедништвото на репрезентативците, нивната сплотеност која беше исклучителна на настапот на македонската карате репрезентација на настапот во Ларнака е пример за почит.