< назад

Претставување на македонските спортисти кои ќе настапат на Европските игри во Минск 2019

Македонскиот олимписки комитет на официјалното медиумско претставување на македонските спортисти кои ќе учествуваат на Европските игри во Минск 2019 година што се одржа денес во хотел Парк беа претставени сите поединостите околу претстојните игри на претставниците од федерациите и македонската јавност.


 

Меѓу другото на истата нашиот најдобар каратист Емил Павлов кој воедно е и избран за спортист на годината за 2018 година а воедно и освојувач на првите Европски игри во Баку 2015 година не беше присутен поради завршни подготовки кои ги има во Пехчево заедно со својот тренер Сашко Арсовски. Притоа на директорот на МОК г-динот Владимир Богоевски му беше упатено новинарско прашање дали очекува и овој пат Емил Павлов да биде медалист како на првите Европски игри, тој истакна дека искрено се надева дека Емил ќе го повтори успехот и посака успех како нему така и на сите останати спортисти што ќе настапат.