На прес конференцијата по настапот на младинската репрезентација на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора, селекторот за помлади сениори У21 во борби Александар Кузмановски го изрази своето задоволството од постигнати резултати на ова првенство и во поединечен и во екипен настап. На крајот од своето излагање селекторот Кузмановски и поединечно ги наброја постигнатите резултати од У21 како и во јунорската конкуренција во делот на борибите и тоа:
Во помлади сениори У21 златен медал за Марија Петровска -55 кг и бронзен медал за Бојан Костов -60кг. Кај јуниорите со златни медали се закитија: Сара Дука -48 кг, Љупчо Михајлов -68 кг, Ангеловски Андреј -76 кг како и машкиот јуниорски кумите тим. Сребрени медали кај јуниорите освоија Бесарт Мемети -55 и Андреј Басаров 76+ додека бронзен медал освои женскиот јуниорски кумите тим.
За постигнатите резултати во кадетска конкуренција селекторот за кадети Дејан Ристески исто така се приклучи на честитките за постигнатите резултати на целокупниот настап на ова првенство. Кај кадетитите исто така се освоени два медали и тоа златен медал на Драгана Ефтимовска -54 и на Катја Апостоловска -47 кг.
Селекторот во кати за помлади сениори У21, Стојан Андриевски истакна дека е задоволен од постигнатото. Андриевски посебно го истакна освоениот златен медал на женскиот ката тим за помлади сениори У21. Во своето излагање тој истакна дека настапот и на останатите помлади натпреварувачи во дисциплината кати покажале голема подготвеност и на овој турнир и дека на следни првенства и тие ќе бидат следните кои ќе се закитат со медал.
Свои видувања од настапот на ова првенство изнесоа и репрезентативците Или Билали, Бесарт Мемети, Андреј Ангеловски во борби, како и Јована Манчевска и Каролина Јанчовски како претставниците од тимот на кати.