< назад

Прес конференција пред заминувањето на Европското првенство во Сочи

Каратистите на Македонија, кои ќе бидат дел од Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, беа на прием во Агенцијата за млади и спорт, пред поаѓањето за Сочи каде од 2-4 февруари ќе се одржи континенталниот шампионат.

На пресот присуствуваа тренерите на на државните репрезентации, заедно со неколкумина натпреварувачи, кои се најдобри во своите категории.

Селекторите на карате репрезентацијата на Македонија: Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини - кумите и Стојан Андриевски и Ивана Аврамова – кати изјавија дека атмосферата во репрезентацијата е на одлично ниво, особено по одличниот настап на Балканското првенство каде карате репрезентацијата на Македонија освои вкупно 30 медали, од кои 9 златни. Тие се надеваат на нови медали од првенството од кое традиционално македонската експедиција се враќа со одличја.

Тие исто така и се заблагодарија на Агенцијата за Млади и спорт за несебичната подршка која со се дава на каратето, поради остварувањата на македонските каратисти речиси на сите натпреварувања, а особено по неговиот прием во Олимписките спортови.

Репрезентативците кои се во возрасни категории меѓу 16 и 18 години, имаат мотив повеќе за добар настап на Европското првенство, бидејќи се потенционални кандидати за пласман на Младинскиот олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Буенос Аирес.

Карате репрезентацијата на Македонија, вечерва поаѓа за Истанбул, од каде ќе замине за Сочи.