< назад

Прес конференција по освоениот бронзен медал на Петар Спасеновски

Македонскиот каратист Петар Спасеновски кој освои бронзен медал на неодамнешното Европско првенство во Газиантеп, Турција е оптимист дека на следното големо натпреварување може да освои злато.

- Следниот медал ќе биде златен, На ЕП во Турција забележав четири победи од пет борби. Ова е само едно искуство за во иднина да освојам што повеќе медали. Благодарам на моите тренери и мојот клуб „Макпетрол“ кои стојат зад мене, изјави Спасеновски.

Тој денес беше во Агенцијата за млади и спорт и меѓу другото доби и плакета за остварениот резултат од директорот Наумче Мојсовски.

- Каратистите дефинитивно ја претставија Македонија во најдобро светло на Европското првенство во Турција. Резултатите покажуваат дека има иднина во младите натпреварувачи, а Карате федерацијата дека е на прав пат. Се надевам на уште многу медали, а секако Агенцијата за млади и спорт ќе знае да ги награди ваквите успеси, рече Мојсовски.

Шанса за медал имаше и македонската репрезенативка Вероника Костовска која изгуби во борбата за бронза од  Французинката Лаура Сиверт, и заврши на одличното пето место.
За почит е и одличното седмо место за младиот машки ката тим.

Агенцијата за млади и спорт, согласно правилникот, ги категоризира успесите на освојувачите на бронзениот медал  Петар Спасеноски, како и петото место на Вероника Костовска.

На пресот свои излагања имаа и селекторот во борби, Александар Кузмановски и Стојан Андриевски во кати.