< назад

Прес конференција по настапот на ЕП во Гвадалахара, Шпанија

Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција, по успешниот настап на Европското Првенство што минатата седмица се одржа во Гвадалахара, Шпанија. Најголемиот успех го оствари Емил Павлов, кој стигна до бронзен медал, кој уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. На ова ЕП Пуликсенија Јовановска го повтори својот најдобар сениорски резултат од Монпелје 2016 година, кога исто така заврши со пласман на 5 место.

Најнапред директорот на АМС Дарко Каевски го истакна успехот на настапот на Павлов и другите репрезентативци на ЕП.

– Успешниот настап на нашите каратисти е уште еден доказ за нагорната линија по која оди спортот во држава, но и потврда дека каратето е спорт од кој најмногу очекуваме, и спорт кој ги подига спортските стандарди. Патеката по која се движат нашите каратисти води кон Токио, и јас искрено се надевам дека истата успешно ќе ја поминеме, со заеднички залагања, истакна Каевски.

Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година го освои својот четврти медал (две бронзи и две злата) од континенталните турнири во својата кариера. Тој жали за пропуштената шанса во полуфиналето, кога поради судиска неправда не стигна до борба за златниот медал.

- Ова ЕП беше доста успешно за мене, имав добар настап, пет борби, четири победи и еден незаслужен пораз. Од овој меч можам да бидам само посилен, потоа се борев за бронзата со натпреварувач со Романија. Почнав лошо, но успеав да ја свртам борбата во своја полза. Ова е четврти медал за мене од ЕП и драго ми е што продолжив на големи резултати на континенталните турнири. Сакам да им се заблагодарам на сите кои се заслужни за овој мој успех. Ова е голема мотивација за мане, да работам напорно и се надевам дека годинава ќе постигнам што поголеми резултати и да стигнам до таа олимписка норма, што би било најголем резултат за мене.

Нашата најдобра натпреварувачка во кати, која го повтори пласманот на 5 место од 2016 година во Монпелје, изјави дека долго време се подготуваше за ова европско првенство и е задоволна што помина три фази од натпреварувањето. Им се заблагодари на нејзиниот тренер Стојан Андриевски, на Карате федерацијата на Макдонија, на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот оплимписки комитет и најави дека во иднина ќе работи уште понапорно за да донесе медал од големо натпреварување.


Селекторот Сашко Арсовски покрај подвигот на Емил со 4ти медал на ЕП и пласман на Европските игри во Минск, ги потенцира Берат Јакупи кој со 3 победи стигна до четвртфиналето, каде што загуби од светскиот првак, и Наташа Стефановска која беше најуспешна од женските со 2 победи. Секако и машкиот тим во борби кој по 2 победи беше поразен од домашната Шпанија и се пласира во четвртфиналето, а во редовите на нашата екипа беа и освојувачите на златни медали од ЕП за У21, Петар Спасеновски и Доан Османи. Исто така, Арсовски верува дека покрај Павлов, кој директно обезбеди норма за учество на Европските игри во Минск, многу блиску до норма преку WKF рејтингот има Јакупи, како и Јованоска во кати.

Селекторот во кати Стојан Андриевски ја истакна Пулексенија за нејзината посветенот, професионалност кон тренинзите и натпреварите, нејзиниот видлив напредок и очекува дека на следните големи натпреварувања може да освои медал. Во Гвадлахара таа помина низ три филтри елиминации и само за нијанса имаше вкупна помала оценка од француската натпреварувачка, која освои бронзен медал.